„Си посакавме златни медали со Новак. Поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски АС“, напиша тренерот на нашиот репрезентативец во таеквондо Дејан Георгиевски Дарко Костовски на Фејсбук.
Инаку, најдобриот македонски таеквондист и знаменосец на Македонија на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски ќе се соочи со актуелниот светски шампион, Рафаел Алба од Куба со кого ќе се сретне во првата борба.
Георгиевски на 27-ми јули во првото коло ќе се сретне со Алба.
„Алба е фаворит на хартија, но како што деновиве пишуваат и кубанските медиуми, нема да биде лесно Алба да се бори со човекот што го елиминираше актуелниот олимписки шампион.
Можеби Алба е благ фаворит, тоа ќе биде така се додека не стапнеме на борилиште, тогаш е се подруго, ова се олимписки игри, тука се најдобрите“, напиша тренерот.