Почитувани читатели на Ipon.mk и љубители на боречките спортови и вештини од денеска ќе објавуваме клумни на професор д-р Жарко Костовски редовен професор на Факултет за физичко образование, спорт и здравје по предметите: теорија и методика на карате, техника и тактика во карате, физичка подготовка во карате и педагошка пракса со изработка на дипломска работа.
Освен што е професор, Костовски е поранешен каратист и натпреварувач на Металург 1974 година во Републичката лига; од 1978 носител на први дан мајсторски појас; во 1979 гоидна настапува за Вардар – Прва сојузна лига на Југославија, трето место екипно; 1980 станува носител на мајсторски појас втори дан; 1987 – 1998 е во Водно и се натпреварува во Втората сојузна лига, Македонската карате лига, при што има 5 титули шампион на Македонија; 1991-1997 е заменик селектор на сениорска репрезентација во кумите; 1998 – Мак-Нипон и од 2002-2004 година е селектор на сениорска репрезентација во кумите.
Откако карате спортот влезе во програмата на Олимписките игри многу држави сериозно си ја фатија работата за да обезбедат дебитантската виза за Олимпијадата во Токио 2020. Покрај ова Светската карате федерација (ВКФ) ги заострува правилата, го ограничува боројот на учесници во Карате 1 Премиер лигата на 64 учесници и по еден претставник од секоја држава, со мали исклучоци, како и одредени промени во реализацијата на самата борба, толерација на пасивност до 15 секунда и одлуката прв освоен поен при нерешен резултат. Причини за кои е потребен сериозен пристап и одрдени промени во тренажниот процес.
Македонија и КФМ во последните години треба да се гордее со постигнатите резултати во овој спорт, но и да се грижи за развојот и обезбедување место на ОИ во Токио и вмешување во борбата за медали.
Последното коло од Премиер лигата во Лајпциг, Герамнија, ни ја прикажа суровата вистина и не опомени дека некаде грешиме, бидејќи поголемиот дел од нашите картисти (носители на Европски и Светски одличја) испаднаа во првото коло, со чесните исклучоци.
Гледано од стручен и научен аспект на последните настапи на македонската карате репрезентација може да се забележат неколку работи.
И нема површно да ги посочам, туку ќе го направам преку една кратка анализа на најновите случувања.
На 4 јули 2017 година, членовите на карате репрезентацијата на Македонија (персонално не преку нивните матични клубови) добиваат известување дека цитирам, базичните подготовки ќе се одржат во: А-Маврово од 14-21 јули, Б-Дојран од 24-30 јули В-Скопје со Антун Никудин од 5-8 август. Ве замолуваме да исконтактирате со тренерот на Репрезентацијата …
На прв поглед браво за КФМ што на крај започна со некаква програма за работа на репрезентацијата, и тоа со БАЗИЧНИ ПОДГОТОВКИ кои што се најбитен сегмент за понатамошниот тренажен процес. Но, браво само на прв поглед! Реков информација за репрезентативците на Македонија во карате. Значи станува збор за врвни спортисти кои се долго години во тренажен процес и кои се носители на големи репрезентативни одличја од Европски и Светски размери, но истовремено се и членови во своите матични клубови, со кои исто така постигнувале големи клупски успеси.
Прва грешка
Сите повикани репрезентативци ја претставуваа Македонија на претходното Европско првенство кое се одржа во Турција од 4-7 мај. Значи, станува збор за одговорни врвни спортисти и сериозни клубови во кои членуваат и како такви клубовите и самите спортисти се грижат за нивната спортска форма преку спроведување на годишната програма за работа.
Нивната врвна форма за 2017 година беше достигната токму во периодот на одржувањето на Европското првенство.
Втора грешка
Каде се во оваа информација матичните клубови односно каде е соработката со матичните клубови и нивните тренери, за да се добијат релевантни информации за тренажната фаза во која се наоѓаат спортистите. Па оттука произлегуваат неизбежните прашања: Што правеа спортистите во периодот од завршувањето на европското првенство до 14 јули кога треба да „почнат“ со базичните подготовки? Или, изготвувачот на оваа програма имал ли каквибило сознанија за календарот на Карате федерацијата, а со тоа и периодизацијата за каратистите? Од 7 мај до 14 јули има точно 68 дена. Зошто зборуваме за врвни спортисти за кои не знаеме или некој несака да знае, што прават 68 дена?
Трета грешка
Како резултат на оваква „стручна“ програма се појави и реакцијата на дел од клубовите и репрезентативците да не присуствуваат на овие „базични подготовки“ (по мене оправдано), бидејки тие веќе како одговорни и искусни спортисти го имаа поминато тој тренажен период и многу би било глупаво и контрапродуктивно да се вратат два чекори назад. Па така, „базичните подготовки“ поминаа со некомплетна репрезентација, по што произлегува логично прашање: Кој е постигнатиот ефект од реализацијата на ваква „стручна“ програма? Дали можеби постигнатиот резултат на последното натпреварување во Премиер лигата?
Но, дали е ова единствениот пропуст во овој период и поради тоа е постигнат резултат каков што е?!
На почетокот веќе го најавив „стручниот“ план за реализацијата на „базичните подготовки„ но ќе поојаснам.
Четврта грешка
Условно и ако се беше во ред со отпочнувањето на подготовките, и ако за првиот термин како местоположба е одбрано Мавровонемам никакви забелешки, но планот продолжува по, за мене несватлива локација, Б-Дојран од 24-30 јули. Значи од 1250 метри надморска висина во Маврово и идеални температурни услови, спортистите своите базични подготовки ги продолжуваат на 50 метри надморска висина и на плус 45 степени температуни услови. Да бидам доследен, Дојран е одлична спортска база, но за кој временски период од годината?
Петта грешка
Некој се потрудил ситуацијата да биде уште по трагикомична, па после овој период на базични подготовки спортистите ги ослободил да одат една недела на одмор во Грција?!?! Дали е потребен уште коментар за базичните подготовки?
Дали Стручниот совет и ИО на КФМ ги имало во предвид посочените работи за реализира зацртаното?
И во едното и другото тело се наоѓаат звучни имиња кои по вокација се универзитетски професори, асистенти, наставници по физичко, доктори, бивши каратисти итн. Не би знаел да одговорам. И, ако имало состанок на Стручниот совет, јас не сум бил повикан. Или, пак, не знам, можеби веќе не сум во тоа тело! Не знам!?
-продолжува-
Пишува
Проф. д-р Жарко Костовски
Редовен професор на Факултет
за физичко образование, спорт и здравје