Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, а сега во Куќата на славните, Американецот Даниел Кормиер ги кажа размислувањата за потенцијалната борба меѓу британскиот боксер Тајсон Фјури и шампионот на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс.
Во изминатите неколку дена Фјури и Џонс си се закануваа на социјалните мрежи. Се започна со изјавата на Џо Роган, кој рече дека Фјури нема шанси против Џонс во борба без правила. Тајсон го нападна џуџето Роган и рече дека може да го победи Џонс.
„Коски“ го предизвикаа Фјури на ММА борба за да ја докаже својата поента. Дана Вајт се запали и му понуди договор на Фјури, но Тајсон го одби. Фјури точно знае дека нема шанси да победи во кафезот. Кормиер го коментираше можниот меч и притоа рече дека Фјури ќе го победи Џонс во бокс, но не и во ММА.
„Да нагласам, Тајсон Фјури нема шанси против Џон Џонс во ММА борба. Ова во никој случај не е критика за Фјури. Во боксерски меч Тајсон без проблем би го победил Џонс. Но, во борба со мешани боречки вештини, Фјури би имал приближно исти шанси како и просечен маж на улица.
Тоа едноставно нема да го направи. Тајсон Фјури е најдобриот боксер во светот, но најдобриот боксер во светот нема речиси никакви шанси да ги победи елитните ММА натпреварувачи. Тоа е лудо“, изјави Кормиер на својот Јутјуб канал.