Кормиер објасни како Хaбиб ќе се врати во кафезот

Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Даниел Кормиер, посочи под кои услови Хабиб Нурмагомедов ќе ја продолжи кариерата.

Според ДК, ова ќе се случи ако некој може да го победи Ислам Махачев. Тогаш Хабиб, како лојален и посветен пријател, ќе се врати и ќе се одмазди.

„Најмногу верувам дека Махачев може да стане шампион во УФЦ. И, ако стане шампион и има борец кој може да го победи и почне да го предизвикува Хабиб, тогаш тој ќе се врати. Бидејќи Махачев е брат на Хабиб, а Нурмагомедов е многу посветен човек. Значи, ако некој може да го победи Ислам кога има статус на шампион, Хабиб ќе се врати. Верувам во тоа“, рече Кормиер.

Нурмагомедов му рече на Дана Вајт дека ако во битките Мек Грегор – Пориер и Чендлер – Хукер некој покаже нешто посебно, тој ќе се врати. И по УФЦ 257, Хабиб му рече на Вајт дека е далеку над сите нив и дека веќе ги победил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON