Кормиер: Миочиќ изгледа огромен и силен, но не знам дали тоа ќе биде доволно против Џонс

Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ наскоро ќе се врати во октагонот, и уште еднаш ќе се обиде да го освои шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија.

На 11 ноември на настанот УФЦ 295 во Њујорк Миочиќ на пат кон тронот ќе се соочи со шампионот и еден од најдобрите борци во историјата на ММА, Џон Џонс.

Тоа ќе биде прв меч за пожарникарот од Кливленд по тешкиот пораз од Френсис Нгану во март 2021 година.

Неговата пауза траеше повеќе од две години и многумина се скептични околу неговото враќање, и како ќе изгледа на натпреварот против Боунс.

Поранешниот противник на Миочиќ, а сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер, истакнува дека Стипе е во одлична форма и ќе биде голема закана за шампионот.

„Стипе Миочиќ е најдобар кога ќе се појави во октагонот тежок 111 килограми и тврди дека се вратил на таа тежина. Разговарав со луѓе од неговиот тим и ми рекоа дека Стипе никогаш не изгледал подобро“,  изјави Даниел Кормиер во видеото на својот канал на Јутјуб и додаде:

„Изгледа огромен и силен, но не знам дали тоа ќе биде доволно против Џонс. Можеме да го очекуваме Миочиќ каков што беше кога ја бранеше титулата, а не како што се појави подоцна. Тогаш беше помал и послаб“.

Стипе Миочиќ пред вториот меч против Френсис Нгану имаше само 106 килограми, додека на првата борба пристигна со Камерунецот тежок 111,6 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON