Кормиер го пречкрта Џонс од списокот на најголемите

Поранешниот шампион на УФЦ, Даниел Кормиер категорично одби да го вклучи Џон Џонс во полемиката околу тоа кој е најголемиот борец на сите времиња.

Фановите често го ставаа „Коски“ на врвот на листата, но според ДК, самиот бил лишен од правото да влезе во неа. Причината за ова се позитивните допинг-тетсови во текот на годините.

„Еден од најталентираните момци што можете да ги сретнете, но, за мене, позитивните тестови за допинг го елиминираат од овој разговор. Не разбирам зошто е толку тешко да се занимавате со спорт каде што се бориме едни со други. Во бејзболот, позитивните тестови ве исфрлаат од Куќата на славните, а едноставно само само удираш топче. Туркаш предмет што нема чувства. Во боречките вештини удираш луѓе, човечки суштества, а ако имате позитивни примероци, тоа ве елиминира. Едноставно е премногу опасно“, рече Кормиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON