Даниел Кормиер не верува дека Џон Џонс се плаши од некого.
„Коски“ е жива легенда во спортот и верува дека не постои борец кој може да го победи. Во март 2023 година, Џон го направи своето деби во тешка категорија и го победи Сирил Ганe за да ја освои титулата. Тој избра да се бори со Стипе Миочиќ во првата одбрана на титулата. Ова требаше да се случи на крајот на 2023 година, но повредата го извади Џонс од игра.
Дaна Вајт реши да создаде привремена титула што ја освои Том Аспинал откако го нокаутира Сергеј Павлович. Оттогаш, Том не престана да го предизвикува Џонс, кој е категоричен дека го сака Миочиќ. Кон крајот на минатиот месец, Том ја одбрани привремената титула откако за 60 секунди го нокаутира Картис Блејдс.
Аспинал повторно проговори за борбата со Џонс, но тој молчеше и го чекаше Стипе. Дана Вајт потврди дека Џон ќе се бори со Миочиќ, а Аспинал ќе биде резерва. Кормиер беше импресиониран од Аспинал и го прогласи за најдобар во тешка категорија. Еве што кажа Даниел за Британецот и Џонс, кој е жесток непријател на „DC“:
„Џон Џонс е неверојатно паметен борец, но не сум сигурен дека некогаш застанал во кафез со некој што може да му парира на неговиот интелект и да биде комплексен како него. Мислам дека Том Аспинал е првиот човек што го направи тоа, и тој е природен борец во тешка категорија. Тоа му дава неоспорна предност пред Џонс.
Том Аспинал е најдобриот тешкаш во светот. Секако, не го отпишувам Џон затоа што и самиот сум бил во тој кафез со него и знам каков паметен и искусен борец е. Но, во исто време, знам дека ако некој има шанса да го победи, тоа е Том. И мислам дека Џон го знае тоа, бидејќи го избегнува“, рече Кормиер.
View this post on Instagram