Во расправијата Даниел Кормиер застана во одбрана на Џон Џонс, сметајќи дека е апсурдно да се тврди дека „Коски“ се плаши од новиот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану.
Нгану ја освои титулата во УФЦ минатиот викенд со брутален нокаут над Стипе Миочиќ.
Џонс (26-1-1) важи за најдобар ММА спортист на сите времиња. Поранешниот шампион во тешка категорија има победи над легендарните борци како што се Витор Белфорт, Рашад Еванс и Кормиер.
ДК силно се залагаше за својот ривал.
„И покрај целото непријателство меѓу мене и Џонс, ти велам – тој не се плаши од Френсис Нгану“, рече Кормиер. „Апсурдно е да се мисли на такво нешто“.
Џонс има интерес за борба со Нгану, но сепак не може да се договори со УФЦ за финансиските услови. Дана Вајт избегнува да зборува за оваа борба, а изјавите на Џонс на социјалните мрежи ги натераа навивачите да помислат дека Американецот се плаши од новиот шампион. Џонс дури побара од УФЦ да го ослободи, бидејќи тој очигледно смета дека нема да може да го плаќаат како што сака.
„Џон Џонс е еден од најталентираните борци што сум го видел во октагонот и ако има некој што може да се справи со Френсис Нгану, тоа е Џон Џонс“, рече Кормиер.