Кормиер: Нгану ќе го нокаутира Миочиќ

Даниел Кормиер верува дека ако Фрeнсис Нгану и Стипе Миочиќ се судрат во блиска иднина, Нгану ќе победи со нокаут.

Пред две недели Кормиер и Стипе направија трилогија и Миочиќ со одлука на судиите ја одбрани титулата. Така, Стипе ќе мора да се бори против Френсис Нгану, кој повторно е во подем и во серија од четири последователни победи со нокаут во првата рунда.

Пред неколку години, Миочиќ со одлука го порази Нгану и му одржа предавање, доминирајќи го откако ја преживеа првата рунда. Сега ќе биде поинаку и Кормиер верува дека Стипе ќе биде нокаутиран

„Френсис Нгану може и ќе го нокаутира Стипе Миочиќ. Верувам дека овој пат Нгану ќе го нокаутира,  ако Стипе не се одмори и не и даде време на брадата да се опорави. Миочиќ претрпе премногу штета во нашите битки. Ако Стипе се бори со Нагану во наредните месеци, тогаш ќе загуби.

Ако се борат во јануари 2021 година, Нгану ќе го нокаутира. Треба да се напомене дека во првата битка Стипе му одржа предавање на Нгану. Сепак, тој направи голема штета пред да го стори тоа. Ако Стипе прими такви удари сега или во следните шест месеци, тој ќе заспие“, смета Кормиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON