Таеквондистите на Корио со нов успех на меѓународната сцена, освоија 5 медали – 1 златен и 4 борнзени на Меѓународниот турнир „Империум опен 2022“ во Белград, Србија, во конкуренција на 730 натпреварувачи од 8 земји, односно 59 клубови.
Иван Горгиовски освои златен медла во сениорска конкуренција А класа до 87 килограми.
Бронзи освоија:
Михаил Ангелевски кадет – 61 кг
Емилија Костовска кадет – 33 кг
Горгија Ангелевски кадет – 41 кг
Дамјан Цветановски – 25 кг пионери
Од клубот истакнуваат дека Алескандар Ангеловски (- 33 кг, кадет) изгубил во борба за медал од актуелниот шампион на Србија, но покажал одлична борба.