Корио пред Бутел и Младост на Меѓународниот таеквондо турнир „Корио опен“

Теквондо клубот Корио го освои првото место во генералниот пласман на Меѓународниот турнир „Корио опен 2024“ што се одржа изминатиов викенд во Скопје со 142 поени. Втор е Бутел со 128 поени, трет е Младост со 74.

Понатаму следат Хваранг фист 58, Сокол 40, Те Макс 39, Еродаики Динами 39, С 3 38, Кобра 37, Феникс 35, МТФ Тим 30, Улцињ 29, Монтенегро старс 12, Помсае 11, Феникс булевар Ниш 9, Гоце Делчев 7, Тигри 5.

Првопласираниот тим Корио освои 54 медали  – 16 златни, 17 сребрени и 21 бронзен.

На турнирот настапија 300 натпреварувачи од Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција и сите домашни теквондо клубови обединети под чадорот на Македонската таеквондо федерација.

Турнирот беше во организација на ТК Корио и МТФ во Општина Кисела Вода.

Турнирот го отворија претседателот на МТФ д-р Борче Костовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски.

„Македонското олимписко теквондо продолжува да поставува високи стандарди за организираност, врвни спортски резултати и енергија која гарантира блескава иднина“, велат од Корио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON