Чан Сунг Јунг (14-4, 4-1 УФЦ) успешно се врати во октагонот по 3 и пол години.
„Корејското Зомби“ во главната борба на настанот во Хјустон по малку повеќе од половината на првата рунда со десен аперкат го нокаутира Денис Бермудез (16-6, 9-4 УФЦ).
На 29-годишниот Кореец ова му беше првата борба по поразот од Хозе Алдо во мечот за титулата во август 2013 година, Бермудез е 2-3 во последните пет средби. За време на отсуството од УФЦ Јунг го одработи задолжителниот двегодишен воен рок.
https://youtu.be/vEwXmAIbhIo
Волкан Оездемир (13-1, 1-0 УФЦ) дојде до голема победа во своето деби во УФЦ. Првиот Швајцарец во УФЦ го замени повредениот Јан Блашовиц и со поделена одлука на судиите го победи Овинс Сент Про (19-10, 7-5 УФЦ). На ОСП ова беше трет последователен пораз.
https://youtu.be/6EYt19KdOTI
Добра вечер имаше уште еден дебитант. Марсел Фортуна (9-1, 1-0 УФЦ) во првата рунда со десно кроше по предниот директ го нокаутира 22 килограми потешкиот Ентони Хамилтон (15-7, 3-5).
https://youtu.be/3ZME8RIQQzU
Корејското Зомби и Фортуна се наградени со бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта, додека Џесика Андраде и Ангела Хил го добија истиот износ за борба на вечерта. Андраде победи со едногласна одлука на судиите.
https://youtu.be/WMY7JmPQaeo
УФЦ Фајт најт 104:
Чан Сунг Јунг – Денис Бермудез (КО, Р1)
Феличе Хериг – Алекса Грасо (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 30-27)
Џејмс Вик – Авел Трухилоo (сабмишн,давење од позади, Р3)
Волкан Оездемир – Овинс Сент Про (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Марсел Фортуна – Ентони Хамилтон (КО, Р1)
Џесика Андраде – Анџела Хилл (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Кертис Блајдес – Адам Милстед (ТКО, Р2)
Чес Скели – Крис Груецемахер (сабмишн, давење од позади, Р2)
Рикардо Лукас Рамос – Мичинори Танака (едногласна одлука, 29-28, 30-27, 29-28)
Тесија Торес – Бец Роулингс (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Нико Прајс – Алекс Морон виа (КО, Р2)
Халил Рунтре – Даниел Џоли (КО, Р1)