Мајк Тајсон и на 54 години има навистина неверојатен удар.
Легендарниот боксер се уште тренира напорно за враќањето во боксот, што е планирано за крајот на ноември, а во него се уште има многу жар.
Тајсон од март тренира со познатиот тренер Рафаел Кордеира, кој често објавува видео од нивните тренинзи.
Кордеира објави ново видео и во забавено движење го покажа разорниот удар на Железниот Мајк кој сè уште го поседува и е навистина неверојатен.
https://www.instagram.com/p/CDyys33pkOF/?utm_source=ig_embed