Денеска Хелиф ја совлада Ана Лука Хамори од Унгарија со 5-0 во три рунди и без разлика на исходот во следниот меч, ќе освои барем бронзен медал. Во боречките спортови на Олимписките игри се доделуваат две бронзи, за поразените во полуфиналето, а нема меч за третото место што значи дека Хелиф ќе се врати дома со одличје.
„Се чувствувам добро, ова е прв олимписки медал за Алжир во женски бокс и многу сум среќна. Сакам да му се заблагодарам на цел свет и на целиот арапски свет“, изјави Хелиф по мечот со Хамори.
Во полуфиналето таа ќе се сретне со натпреварувачката од Тајланд, Џанџем Сувахапенг.