Келиф на овие Олимписки игри предизвика големо внимание и коментари затоа што минатата година доби забрана за натпреварување на Светското првенство од страна на Меѓународната боксерска федерација со образложение дека има XY хромозоми и вишок тестостерон. Поради тоа многумина ја обвинуваат дека е машко.
На социјалните медиуми имаше вистинска војна дали Келиф е машко или женско. Таа е родена како женско и фактите велат дека не е толку доминантна боксерка, има девет порази досега. Нејзиниот скор досега е 37 победи и девет порази на аматерско ниво. Уште полош скор има на професионално ниво. Во Париз пристигна со скор од девет победи и пет порази.
Келиф е родена како девојка пред 25 години во сиромашно семејство, прво сонувала да биде фудбалерка. Боксот го засакува подоцна под влијание на нејзиниот татко, кој тврдел дека тоа не е спорт со кој девојки требало да се занимаваат.
Нејзиниот настап на Олимписките игри заврши, но поделеноста и коментарите дали е женско или машко уште не завршија.