Контроверзна судиска одлука го одлучи победникот меѓу Рустемов и Рахимиќ во РБЛ

Вчера во рамките на 4.коло на Регионалната бокс лига во Белград, Србија, двјацата наши боксери беа поразени. Але Рустемов загуби со дискутабилна одлука од 2-3 со Ален Рахимиќ од Славија, додека Никола Кискоски беше поразен од Стефан Радновиќ од Лозница со 1-4.

Од нашиот табор велат дека судиите му пресудиле на Рустемов.

Инаку, претходниот ден Ален славеше против Дамир Азизоски од Марибор.

По 4.коло на табелата води Нови Пазар со 135 бода, пред Славија со 121, Лозница со 110, Марибор со 109, додека Вардар е шестоплаисран со 64.

Резултати РБЛ 4.коло:

Јуниори
-60 кг Филип Џида (Раднички Београд) – Ружди Рустемов (Вардар) 4-1
-63,5 кг Енис Алиу (Вардар) – Владимир Бериша (Сомбор) 1-4
-67 кг Наум Стојановски (Вардар) – Хамза Рашљанин (Нови Пазар) 0-5 ТКО Р2

Сениори
-57 кг Ален Рустемов (Вардар) – Дамир Азизоски (Марибор) 5-0
-63,5 Вељко Глигориќ (Раднички Београд) – Илхан Озмен (Вардар) 4-1

Утре финале
Јуниори

-75 кг Никола Кисковски (Вардар) – Стефан Раденовиќ (Лозница) 1-4

Сениори

-57 кг Ален Рустемов (Вардар) – Ален Рахимиќ (Славија) 2-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON