Конор Мек Грегор повторно напаѓа, овој пат преку објава на Инстаграм. Се присети на препукувањата со Полие Малигнаџи, за се да се заврши со тоа во приказната да го уфрли Хабиб Нурмагомедов. На крајот и двајцата се наречени кучки (курви).
Веројатно поттикнат од шпекулациите во врска со организацијата на боксерскиот меч против Маилгнаги, Конор Мек Грегор одлучи да се фрли уште малку масло на огнот на целата приказна. Така, на Инстаграм се појави снимка од неговата средба со поранешниот шампион во бокс, што заврши со жестоки препукувања. Беше тоа нивната последна средба лице в лице што ја забележаа камерите.
Несомнено е тоа дека и двајцата би биле многу задоволни од потенцијалната средба во рингот, особено ако и носи и интересна сума на пари. Мек Грегор секогаш знаел таквите прилики да ги препознае, па не е изненадување што одлучил на ваков начин да се вклучи во тоа. Но, интересна е пораката оставена под видеото.
„Да видиме како изгледа тоа на хартија. Драг ми Полие Малингаџи. Ова е наше јавно препукување до кое доведе фотографијата што ги вознемири. Да, добро прочитавте, фотографија. Му реков во лице да престане кука и да се биде кучка, што е нешто што сметам каков борец треба да биде. Не биди кучка, не кукај.
Истото му го реков и на Хабиб на крајот на третата рунда, мојата рунда. Секоја рунда му кукаше на судијата, дури и во четвртата кога беше во „маунт“ позиција. Ако некој во таа борбата требаше нешто да му рече на судијата, тогаш тоа бев јас во првата рунда. Четири минути ги држеше моите нозе со нула активност. Но, борбата е борба и не ми е гајле за тоа. На судиите и плаќаат само вистинските кучки. Се обидував да ги заковам прстите во неговото адамово јаболко.
Многу луѓе во боречката работа, што го сфатив во последно време, се апсолутни кучки. Дечки, знам дека сте шворц, знам дека сте без пари, но не бидувајте кучки без пари“, му напиша на Хабиб во објавата за која е тешко да се најде мотивација, како и тоа зашто повторно се фати за Нурмагомедов.
https://www.instagram.com/p/BshD6F9HM0m/?utm_source=ig_embed
.