Синоќа триумфот на Шпанија на Евро 2024 го израдува, во финансиска смисла, еден од најголемите во историјата на боречките спортови.
Поранешниот шампион на УФЦ Конор Мек Грегор се пофали дека заработил солидна сума од милион долари откако пред финалето на Европското првенство се обложил против Англичаните.
€1million won on my birthday! 🙏 pic.twitter.com/GNb4LPDZfm
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 14, 2024
„Ајде, Шпанија! Лесни пари од Шпанците за европска титула! На мојот роденден!“, напиша Ирецот Мек Грегор на социјалните мрежи.
Интересно, облогот од 83.500 долари беше направен на почетокот на Евро 2024 година.
Но, тоа не е сè – Мек Грегор, исто така, заработи огромна сума од над 1 милион долари од триумфот на Аргентина на Копа Америка, откако стави облог од 365.000 долари.