Конор Мек Грегор: Возбуден сум од борба за титулата во БКФЦ

Долгоочекуваното враќање на Конор Мек Грегор во УФЦ нема да се случи до крајот на оваа година. Ова го соопшти ирскиот борец. „Озлогласениот“ првично најави дека ќе се врати во кафезот на УФЦ на 29 јуни во Лас Вегас против Мајкл Чендлер. Сепак, поради повреда овој датум мораше да биде откажан.

Ирецот се уште се опоравува од повредата, но се надева дека ќе може повторно да се бори подоцна оваа година. Се уште не е познато со кого ќе се бори, но Конор е дециден дека тоа ќе биде против Американецот. Мек Грегор изјави дека има уште 2 борби од договорот со УФЦ и навести дека би можел да замине во БКФЦ.

Поранешниот двократен шампион на УФЦ е косопственик на лигата за борби со голи раце. Тој е возбуден за борбата за титулата во БКФЦ.

„На крајот на оваа година ќе се борам во УФЦ. Ова ќе биде мојата последна борба за оваа година. После тоа, ќе ми остане само 1 борба од договорот со УФЦ. Ќе видиме што ќе следи после неа. Борбата за светска титула со голи раце ми звучи многу возбудливо“, изјави Мек Грегор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (@mcgregor_billionaire__)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON