Конор Мек Грегор тренира во Институтот УФЦ

Конор Мек Грегор тренира во Институтот УФЦ во Лас Вегас.

Суперѕвездата на ММА напорно се подготвува за враќање во ММА. Тој откри дека тоа ќе се случи во април 2024 година. Тогаш ќе се одржи јубилејниот настан УФЦ 300, кој се очекува да има многу силна борбена карта.

Речиси е сигурно дека „Озлогласениот“ ќе биде предводникот на најголемата гала вечер на УФЦ во 2024 година. Се очекува Конор да се соочи со Мајкл Чендлер во борба во лесна категорија. Двајцата беа тренери на Ултимејт фајтер оваа година.

Првично се шпекулираше дека Конор ќе се бори во декември годинава, но тоа пропадна. Не успеа навреме да се врати во програмата за тетсирање на УСАДА и не беше исчистен. Сега веќе им дава примероци и постојано покажува дека тренира.

Еве фотографии од неговиот тренинг:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON