Најголемата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор нема победа од 2016 година, но тоа не му пречи да трупа пари и да се развива. Тој успеа да стане шампион во две категории во 2016 година, кога го нокаутира Еди Алварез, а една година подоцна загуби од Флојд Мејведер во боксерскиот ринг, но затаоа стана милионер.
Мек Грегор создаде своја марка виски, која соборува рекорди со продажбата, а во октомври се врати во кафезот и беше понижен и натеран да се предаде од Хабиб Нурмагомедов. Направи 50 милиони од оваа битка и може да не му оди во боречките спортови, но од финансиски гледна точка е во пораст. Денес тој собра 30 милиони следбеници на Инстаграм и одлучи да им се заблагодари на навивачите:
„Леле 30 милиони следбеници. Ви благодарам“.
Се очекува Мек Грегор да се врати во октагонот во првата половина на оваа година.