Конор Мек Грегор им се обрати на навивачите откако беше обвинет за силување за време на натпреварот од финалето на НБА меѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс.
Поранешниот двократен шампион на УФЦ им се заблагодари на своите фанови за поддршката. Многу помија се истури врз Мек Грегор, но очигледно не му е грижа. Се појавија различни докази кои сугерираат дека Конор можеби е невин во целата оваа афера.
Неговата жртва на самиот почеток сакаше се да се реши надвор од судот. Таа очигледно сака намалување на милионите на Мек Грегор, но нејзините тврдења се докажаа како неосновани. Таа наводно била силувана од Конор, но набргу потоа двајцата славеле во ноќен клуб во Мајами.
„Благодарам на сите за поддршката. Навистина го ценам тоа. Кои се моите следни планови? Борба. Се радувам на следната борба“, изјави Мек Грегор за ТМЗ.
Претходно овој месец беше откриено дека Мек Грегор го пропуштил рокот да се врати во програмата на УСАДА. Така, нема да добие дозвола за борба во 2023 година.