Конор Мек Грегор: Скршениот мал прст многу боли

Пред три недели Конор Мек Грегор го скрши малиот прст на ногата и сега едвај чека да се врати во октагонот.

Ирецот откри дека користи терапија со матични клетки за да ја залечи повредата. Иако оваа терапија направи чуда за неговото рамо, скршениот прст не заздравува толку брзо како што би сакала ѕвездата на УФЦ. Во текот на викендот „Озлогласениот“ беше на Белатор Шампионска серија 3 во Даблин за да и помогне на Шинед Каванаг.

Зад сцената, Мек Грегор му кажа на Севере ММА дека неговиот прст сè уште предизвикува проблеми и покрај терапијата со матични клетки. Мек Грегор требаше да се врати на УФЦ 303 овој викенд, но се повлече поради скршеница на малиот прст на ногата. Сега се обидува да се опорави, но помодрениот прст проблеми.

„Ние само се прилагодуваме. Сè се движи. Се чуствувам добро. Повредата е досадна. Боли. Нема да лажам. Тоа е многу, многу болно. Веројатно и повеќе од мојата нога, и тоа е вистината. Моето стопало беше завиткано, едноставно беше болно, но прстот е дел од мојот тренинг“, изјави Мек Грегор.

Мек Грегор, кој сè уште носи влечки за да ја ублажи болката при движење, се стреми кон враќање некаде во рок од два до три месеци. Ниту УФЦ, ниту извршниот директор Дана Вајт не кажаа ништо за нивните очекувања или планови за тоа враќање.

„Користевме терапија со матични клетки. Таа имаше ефект на моето рамо, но прстот е малку поинаков. Се стремам кон враќање во август-септември.. Би сакал да биде тогаш. Сега сум во режим на закрепнување“, изјави Мек Грегор.

Сепак, Мек Грегор верува дека ја донел вистинската одлука да се повлече од борбата, особено затоа што последен пат се бореше во 2021 година кога ја скрши ногата во борбата против Дастин Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON