Ирската суперѕвезда Конор Мек Грегор им приреди уште едно изненадување на своите фанови.
Додека се шират шпекулациите за тоа дали ќе се врати или не да се бори во декември, Мек Грегор ги остри пушките во својот двор. На социјалните мрежи Конор покажа видео од тренинг.
Фановите почнаа да го испрашуваат Ирецот за видеото. Ова го натера Мек Грегор да открие дека тренира во својот двор, каде што има поставено покриен октагонен кафез на УФЦ.
Според упатените, Мек Грегор тренира дома за да ги избегне премногу љубопитните очи пред борбата со Мајкл Чендлер. И додека Конор тврди дека ќе се бори во декември, Дана Вајт истакна дека го очекува Мек Грегор во 2024 година.
This is out my back garden in a marquee. I built an exact ufc octagon with my own brands representing the canvas. Awesome stuff! https://t.co/GSkrCy9ux4
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) September 14, 2023