Конор Мек Грегор сè уште не e влезен во протоколот на УСАДА. Дали Ирецот воопшто ќе се бори оваа година?

Како тренери во новата сезона на „Утимејт фајтер беа Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер, а вообичаено е лидерите на тимот да се соочат еден со друг во октагонот на крајот.

Но, се уште не се знае кога тие двајца би можеле да се пресметаат, бидејќи времето минува, а славниот Ирец се уште не влегол во антидопинг протоколот на УСАДА.

Имено, Конор мора да помине најмалку шест месеци тестирање од страна на Американската антидопинг агенција.

А Мек Грегор се уште не почнал со тестирање, а му остануваат уште помалку од 48 часа да влезе во протоколот на УСАДА доколку сака во декември да настапи на настанот УФЦ 296.

УСАДА може да направи исклучок, дозволувајќи и на ѕвездата на УФЦ да настапи пред истекот на рокот од шест месеци.

Потоа би требало да даде два примероци за да докаже дека во неговото тело нема недозволени супстанци.

Минатиот месец Дана Вајт изјави дека мечот меѓу Конор и Чендлер ќе биде потврден во епизода од ТУФ, што може да значи дека Ирецот влегол во протоколот на УСАДА. Но, се уште нема потврда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON