Ногата на Конор Мек Грегор се уште е отечена по бруталните удари на Дастин Пориер. Тие се бореа минатиот месец во Абу Даби и „Озлогласениот“ од Порие доби речиси 20 удари во телето.
Ова беше многу добра тактика на „Дијамантот“, кој ја оневозможи водечката нога на поранешниот двоен шампион. Дастин успеа да го нокаутира Мек Грегор во втората рунда и му се реваншира.
Па така, сега и двајцата имаат по една победа со нокаут и вратата кон трилогијата е широко отворена. Тие се подготвени да го направат тоа, но на Конор очигледно му треба повеќе време да се опорави. На својот профил на социјалните мрежи Мек Грегор покажа слики од ногата од која гелда дека сè уште има оток.
Мек Грегор собра повеќе од 20 милиони долари од средбата со Пориер. За прв пат во својата ММА кариера, Мек Грегор загуби со нокаут. Така тој победи само во еднаш во последните 4 борби во боречките спортови.