Конор Мек Грегор се сретна со Снуп Дог

Два света се судрија во главниот град на Ирска, кога поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Конор Мек Грегор, се сретна со рап ѕвездата Снуп Дог. Ова се случи по појавувањето на вториот на концерт во Даблин.

Мек Грегор беше пресреќен што го запозна Снуп Дог, кој првично го посети неговиот паб во Даблин. Таму Снуп ја вкусил кујната на Ирецот, а потоа запалил џоинт и позирал со еден од неговите појаси.

Сега Мек Грегор и Снуп конечно се видоа очи во очи. Двајцата почнаа да разговараат, при што Мек Грегор демонстрираше бокс во сенка.

Мек Грегор, поранешен неприкосновен шампион во лесна и перо категорија под знамето на УФЦ, е надвор од терените повеќе од 2 години. Последен пат се бореше на УФЦ 264 во јули 2021 година. Потоа Конор ја скрши ногата во трилогијата со Дастин Пориер.

Претходно оваа година тој беше тренер на Ултимејт фајтер со Мајкл Чендлер. Битка меѓу нив се очекува во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON