Конор Мек Грегор се извини со подолга обајва на социјалните мрежи

Конор Мек Грегор конечно се обрати по случувањата во петокот на настанот на Белатор во Даблин. Се извини преку социјалните мрежи, но и попат отиде и ги објасни причините за неговото неконтролирано однесување.

Да потсетиме по хронолошки ред што се случуваше. Чарли Вард, клупскиор колега Конор Мек Грегор, го погоди својот противник буквално во последната секунда од првата рунда, фрлајќи  го истиот во нокаут. Веднаш по тој потег, Конор Мек Грегор скокна во кафезот, му се фрли на Вард и тргна да слави со него. Борците паднаа на подот, по што доаѓа судијата Марк Годард и се обидува да му укаже на Мек Грегор да го напушти кафезот, кажувајќи му дека борбата не е завршена. Годард тогаш тргнува накај другиот борец, Џон Редмонд, за Мек Грегор да тргне накај него, обидувајќи се да го нападне. Доаѓа до туракање, по што Мек Грегор е испратен надвор од кафезот.

Потоа продолжи да се движи околу кафезот, па се обидува повторно да влезе во кафезот. Дојде до дел каде што не беше никој и скокна во кафезот, но тоа го забележа о службеникот на Белататор, кој дојде до него и се обиде да го спречи да влезе во кафезот. Мек Грегор го удри со раката по лицето, дури по ова да биде отстранет од салата. Мек Грегор досега еднаш се обрати преку Твитер, но веднаш објавата ја симна, за денска да објави статус во кој се извинува, но и ги објаснува мотивите за свовите постапки.

“Искрено се извинувам за моето однесување минатиот викенд во Даблин. Додека го поддржував мојот тимски колега и пријател, дозволив да ме преземат емоциите и ја преминав границата. Како повеќекратен шампион на УФЦ, продуцент и идол на младите луѓе и јавна личност, морам да се контролирам и да се претставам на повисок стандард.

Судијата Марк Годард направи ужасна одлука со обид да подигне борец во несвест на нозе и да го натера да продолжи да се бори во втората рунда. Дури и против желбите на неговите тренери. Борбата беше готова.

Откако бев сведок на борбата во која се случи најлошото и каде што противникот почина оо повредата по борбата, се плашев дека повторно може да се случи истото, па се изгубив и реагирав како што реагирав. Уште еднаш се извинувам на сите.

Исто така му се извинувам на претседателот на Мохеган траиб комисијата, Мајк Мазули, и на сите официјални лица кои работеа на настанот, како и на тренерот Енди Рајан и неговиот борец Џон, двајца кои секој пат прикажуваат фантастични борби. Тие секогаш ќе ја имаат мојата почит.

Отсекогаш сум учел од моите грешки и овој пат нема да биде поинаку“.

Не знаеме кој  ова ќе се сфати сериозно, но нам ова не ни звучи баш убедливо. Толку време му требаше, со однесувањето пред салата не давашае до знаење дека поради тоа така реагирал, а и тешко е да се најде оправдување за она што го стори. Покрај тоа, за удирање на службеникот не се извини, барем така може да се заклучи од напишаното.

Сепак, веројатно, никој не би го зачудило, ако ова извинување биде доволно за Мек Грегор да помине без никакви консеквенци. Бидејќи, сепак тој е Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON