Големата ѕвезда на боречките вештини Конор Мек Грегор за неколку дена стапнува во кафезот. 32-годишниот репрезентативец на Ирска ќе има реванш со Дастин Пориер, но овој пат ќе биде во лесна категорија. Тие се упатуваат на УФЦ 257, што ќе се одржи на островот Јас во Абу Даби.
Помина една година од последната битка на „Озлогласениот“ во која го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди во Лас Вегас. Во последниве години, Конор направи само две борби. Загуби од Хабиб Нурмагомедов во борба за титулата, а потоа го совлада Цероне.
Во 2014 година Мек Грегор го нокаутира Пориер за една минута и 46 секунди, а сега се закани дека ќе го заспие за 60 секунди. Не е извесно што ќе се случи на мечот, но едно е јасно и тоа е дека Конор е подготвен за војна.
„Сакаш битка? Еве ти војна!“, напиша Конор на социјалните мрежи.