Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор е решен да купи фудбалски тим. Озлогласениот неодамна на социјалните мрежи изјави дека сака да го купи ФК Манчестер Јунајтед, но тоа би било премногу за него.
На својот профил на социјалните мрежи, Мек Грегор реши да одговори на прашањата на навивачите и еден навивач го праша дали е сериозен во врска со Јунајтед. Мек Грегор одговори дека првично преговарал со луѓе од ФК Селтик.
Поранешниот двоен шампион на УФЦ сакаше да земе акции од Дермот Дезмонд, кој е меѓу најбогатите во Ирска. Конор откри дека планира да купи фудбалски тим во иднина и ги симпатизира Селтик и Манчестер Јунајтед, но е отворен за какви било понуди.
Мек Грегор силно верува дека може да постигне големи работи како сопственик на фудбалски клуб. На почетокот на јули, ќе го видиме Мек Грегор во кафезот против Дастин Пориер. Тие ќе се борат во главната борба на УФЦ 264, што ќе се одржи во Лас Вегас пред полна сала со навивачи.