Конор Мек Грегор продолжи со тренинзите

Суперѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, ги продолжи тренинзите за неговото враќање.

Поранешниот двократен шампион покажа како тренира доцна навечер додека група луѓе се забавуваат. Конор излезе во својот двор во Даблин за да ги поздрави, а потоа се врати на подготовките.

„Озлогласениот“ требаше да се бори кон крајот на минатиот месец на УФЦ 303 во Лас Вегас. За жал, го скрши малиот прст на ногата, што доведе до повлекување од настанот. Мајкл Чендлер остана без противник, но реши да го почека Ирецот кој се врти околу него веќе 2 години.

Сега Конор се врати во сала и едвај чека да се врати во кафезот. Тој ги инспирира фановите и верува дека ова ќе биде најголемото враќање во кафезот. Мек Грегор ќе може да се бори во септември, а Чендлер сака тоа да се случи во Сферата во Лас Вегас.

Во последните недели се шпекулира дека Шон О’Мели и Мераб Двалишвлили ќе бидат предводници на оваа гала вечер. Сè уште ништо не е официјално и можеби УФЦ ќе го пушти Мек Грегор на оваа гала вечер. Ќе видиме, а во меѓувреме Мек Грегор работи и се подготвува за борба:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON