Конор Мек Грегор ги потврди зборовите на Дана Вајт и исто така официјално објави дека потпишал договор за бокс мечот со Флојд Мејведер Јуниор.
Конор го објави тоа преку својот личен веб-сајт, појаснувајќи дека предметниот договор е „рекорден“.
„За мене е чест да ја потпишам оваа рекордна зделка, заедно со партнерите од Zuffa LLC, UFC и Paradigm Sports Management“, напиша Мек Грегор.
„Првата, а и најважниот дел од овој историски договор, веќе официјално е потпишан. Честитки за сите инволвирани страни. Сега очекуваме Ал Хејмон и потписот на неговиот боксер во наредните денови“.