Ирецот не влегол во кафезот повеќе од една година.
Конор Мек Грегор го загуби место на ранг-листа во лесна катгеорија на УФЦ. Поранешниот шампион во две категории сега е на четвртото место. На него му претходат шампионот Хабиб Нургамомемедов, Тони Фергусон, Дастин Пориер и Џастин Гаетје.
31-годишниот борец ќе се врати во октагонот на УФЦ 246 на 18 јануари 2020 година во арената Т-Мобиле во Лас Вегас, Невада. Тој во главната борба ќе се пресмета со Доналд Цероне, а билети за враќањето на Мек Грегор се распродадоа за три минути.
Цероне е рангиран на 5-то место на најновата листа на организацијата.