По тешката повреда добив мала поддршка од моите колеги. Всушност, тоа беше сосема спротивно. Многумина покажаа канџи, но не грижете се, ми се допаѓа малечка гребнатинка. Се гледаме кога ќе ве разберам, мали копилиња. Сите добро поминете, рече Конор Мек Грегор, а причината беше пораката од Андерсон Силва кој му даде неколку совети и му посака брзо закрепнување.
Мек Грегор ја скрши ногата пред нешто помалку од два месеци против Дастин Пориер кон крајот на првата рунда и мораше да го предаде мечот.
Слична повреда имаше Андерсон Силва во 2013 година на мечот против Крис Вајдман. Легендарниот Бразилец му даде совет на Конор.
„Мора да продолжи со физикална терапија. Нека го тренира горниот дел од телото. Сега, целото внимание треба да го посвети на неговото закрепнување и да не размислува дали ќе се бори утре или за шест месеци. Важно е повредата добро да заздрави, закрепнувањето е најважно“ – рече Андерсон Силва и продолжи:
„Не треба да размислува за враќање сега, бидејќи ќе го почувствува тој момент и ќе знае кога е подготвен. Неговиот ум ќе се поврзе со неговото срце и тоа ќе го направи моќен. Мора да си докаже колку сака да ја продолжи кариерата. Најважно сега е да имате силна ментална сила“.
Ирскиот борец неколку пати покажа почит кон Андерсон Силва, а сега преку Инстаграм и се обрати на бразилската легенда:
„Андерсон, благодарен сум за твојата порака“.