Ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, се врати во кафезот минатиот месец и запиша пораз од шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов. Конор веднаш посака реванш, но тоа нема да се случи и ќе треба да се акумулира неколку победи пред да се случи тоа. Неодамна имаше гласини дека УФЦ сакаат тој да се бори против Доналд Кероне и очигледно тоа ќе се случи, бидејќи Конор и откри на своите фанови на социјалните мрежи дека ќе се врати во октагонот следната година.
2019 is when we launch in the U.K and Australia!
2019 is when I will also be back inside the OctaRing!
We are very excited!
Thank you for the support brother 👊 https://t.co/jVm7ujWIvq— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) November 25, 2018
„Во 2019 го пуштаме „Proper 12“ на пазарот во Велика Британија и Австралија. 2019-та е и годината во која ќе се вратам во кафезот/ рингот. Многу сме возбудени. Ти благодарам за поддршката, брате“.