Конор Мек Грегор: Не сум завршил со ММА

Конор Мек Грегор ги уверува фановите дека не завршил со ММА.

Ирската ѕвезда тврди дека може да се врати во секое време и да ја подигне својата борба. „Озлогласениот“ летово требаше да се бори со Мајкл Чендлер во Лас Вегас, но си го скрши малиот прст на ногата и се повлече. Чендлер чекаше две години да се бори, но трпението му се потроши.

Во ноември „Ајрон“ ќе се бори со Чарлс Оливеира во Њујорк. Така, нема извесност околу борецот кој ќе го пречека Мек Грегор во кафезот, доколку воопшто се врати. Конор зборуваше дека сака да се бори во декември, но тоа не се случи.

Сега не подготвува за враќање во 2025 година.

„Не сум завршил. Премногу ми е згодно да се вратам во секое време и едноставно целосно да ја подигнам борбата“, напиша Мек Грегор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО