Последната сезона на Ултимејт фајтер понуди судир меѓу тимовите предводени од Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер, кој треба да заврши со нивна пресметка.
Во дуелот меѓу нивните тимови избраниците на Чендлер победија убедливо, што многу го налути Мек Грегор кој изјави дека тој меч воопшто не го интересира.
Големата ѕвезда на УФЦ се уште не влезе во протоколот на УСАДА, иако би требало најмалку шест месеци пред настапот.
„Нема проблем ако УФЦ сака да се борам со Чендлер, но мислам дека тоа повеќе не им е важно. Има многу посочни борби за мене и ќе одлучам кога сакам да се вратам. Не ми е важно кој е мојот противник. Ќе се борам со кој било, дури и ќе му платам авионска карта да дојде кај мене“, напиша Конор Мек Грегор на Твитер, а подоцна ја избриша таа порака.