Конор Мек Грегор напредува на ранг листата, иако е во пензија

Конор Мек Грегор продолжува да напредува на ранг-листа во лесна категроија на УФЦ, иако е во пензија. „Озлогласениот“ минатиот месец објави дека се повлекува од ММА, но, сепак, беше вклучен во рангирањето и дури напредуваше. 32-годишниот Ирец го помести Ден Хукер од 4-то место во лесна категорија.

Мек Грегор нема победа во лесна категорија од ноември 2016 година, кога го нокаутира Еди Алварез и ја освои титулата. Конор загуби од Хабиб Нурмагомедов кон крајот на 2018 година и се врати на почетокот на 2020 година. Поранешниот двоен шампион се бореше со Доналд Цероне во полусредна категорија и победи со нокаут за 40 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON