Поранешниот двоен шампион Конор Мек Грегор се пофали со своите здрави тренинзи во кафезот. 32-годишниот Ирец се пофали дека за 6 недели направил спаринг, што е еднакво на 75 рунди од 5 минути или 15 шампионски средби во ММА. „Озлогласениот“ напорно се подготвува за враќањето на 23 јануари во Абу Даби.
Мек Грегор на УФЦ 257 ќе се бори во лесна категорија со Дастин Пориер. Претходно, пред неколку години, Конор успеа да го нокаутира Пориер за помалку од две минути, но оттогаш многу работи се променија. На почетокот на оваа година, Конор го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди и верува дека тоа го постигнал заради неговиот напорен тренинг.
„Во последните шест недели направив 375 минути спаринг. Ова е еднакво на 75 рунди од 5 минути. Ова е еднакво на 15 шампионски борби. Мојот последен меч траеше само 40 секунди. Здраваите тренинзи се причина за ова“, напиша Мек Грегор.