Конор Мек Грегор: Набрзина ќе го нокаутирам Белал Мухамед и станувам трикратен шампион

Конор Мек Грегор му се закани на Белал Мухамед, кој ја држи титулата во велтер категорија.

Ирската легенда верува дека може брзо да го нокаутира Мухамед и да стане шампион во 3 различни тежински категории. Дана Вајт неодамна објави дека Мухамед ќе ја брани титулата против Шавкат Рахмонов во декември на УФЦ 310 во Лас Вегас. Ова ќе биде прва одбрана на титулата за Мухамед, кој летово му ја одзеде на Леон Едвардс.

Мек Грегор е згрозен од стилот на Палестинецот и верува дека тој е најстрашниот борец на УФЦ. Конор гори од желба да ја стави левата рака и да го покаже златото:

„Би се  радувал да го палирам левото кроше во слепоочницата на Белал и да ја земам тројната круна. Би го направил тоа лесно и брзо! Многу е жално што овој клошар моментално е шампион на УФЦ. Има нула нокдауни во биографијата. Мухамед е најлошиот УФЦ борец со нула заработувачка во модерната историја“, напиша Мек Грегор во објавата што оттогаш ја избриша.

Мек Грегор може да се бори против Мухамед доколку Белал ја одбрани титулата против Шавкат Рахмонов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON