Конор Мек Грегор: Кралот се врати, неверници!

Nejt go udira Konor na UFC 202

Конор Мек Грегор побара трет меч со Нејт Дијаз, за еднаш за секогаш да разрешат спорот меѓу нив.

 Веднаш по завршувањето на дуелот меѓу двајцата борци Мек Грегор му даде интервју на Џо Роган, а Ирецот не го криеше задоволство од добиената борба:

„Изненадувањето, изненадувањето, неверници. Кралот се врати“, потоа со мирен тон продолжи:

 „Да, се разбира, да ја напаѓам предната нога на Нејт беше дел од тактиката. Но тој се покажа многу потврд отколку што очекував. Не покажа никаква болка, во текот на целиот меч не покажа дека тоа му пречи во борбата. Според мое мислење, ги добив првите три рунди од дуелот. Покажав дека сум подобар од него, но во последните две рунди, дефинитивно, беше посвеж од мене. Но, исклучително сум среќен по оваа победа.

Беше одличен меч, Нејт е одличен борец, ме натера многу да се испотам и да го покажам најдоброто од себе. Но, како што вели мојот тренер: Или победуваш, или се учиш. Исклучително многу научив од Дијаз“.

 За крај, Мек Грегор додаде дека би сакал уште една средба со Нејт:

„Во моментов резултатот меѓу нас е 1-1. Значи, ајде да направиме уште еден меч, но овој пат во мојата категорија – перолесна. Се борев во неговата категорија, се исправив против покрупен борец од мене и победив. Но нека се збориме по трет пат, но во мојата категорија“.

https://youtu.be/VEa1Nuw54RM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON