Конор Мек Грегор користи ММА на фудбалски меч

Конор Мек Грегор уште еднаш беше забележан како користи ММА потези на фудбалски терен.

Поранешниот шампион на УФЦ беше снимен како игра фудбал за својот паб- тим на натпревар од фудбалската лига на Обединетите цркви (УЦФЛ). Мек Грегор го носеше дресот со број 11 за Блек форџ ФЦ, кој го носи името на пабот на Ирецот во Даблин, Блек форџ инн. Изгледаше дека Конор игра на левото крило бидејќи многу пати беше снимен како трча по линијата за неговиот тим.

Соиграч му ја додаде топката на Мек Грегор, кој направи лош допир што му дозволи на противникот да ја зграпчи топката. Сепак, 36-годишниот ММА борец не се предаде и продолжи со двете раце да го влече противникот на земја. Конор не се срамеше да ги користи рацете во нозете на противниците.

Дури успеа да ритне фудбалер во стомакот, што е за црвен картон, но Мек Грегор беше поштеден. Мек Грегор не се борел во УФЦ откако ја скрши ногата во јули 2021 година против Дастин Пориер. Сега одададе на забавата откако кон крајот на минатата година беше прогласен за виновен за силување на сонародничка.

Иднината на ирската ѕвезда останува обвиена со мистерија, додека тој продолжува да тврди дека ќе се бори оваа година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО