Конор Мек Грегор тврди дека сака да се бори на УФЦ 300 штој ќе се одржи во април 2024 година.
Пред неколку дена „Шмо“ објави дека Мек Грегор на оваа гала вечер ќе се бори со Мајкл Чендлер. Малку подоцна, тренерот на Мек Грегор, Џон Каванаг, рече дека ќе се борат во јули, а не во април. Сега, поранешниот двократен шампион на УФЦ сподели со своите фанови дека цели на борба на УФЦ 300.
Оваа гала вечер ќе биде годишнина на УФЦ и ветува голем спектакл. Конор моментално е во програмата за допинг тестови на УСАДА и ќе може да се бори во април. Тој и Чендлер беа тренери на Ултимејт фајтер претходно оваа година. Конор и Мајкл неколку пати се соочија еден со друг и сега ги очекува борба меѓу нив во лесна категорија.
Ако Конор се справи со Чендлер, тогаш ќе сака шанса за појасот против Ислам Махачев.
View this post on Instagram