Конор Мек Грегор кажа кои се 5-те најдобри во ММА

Конор Мек Грегор покажа голема почит кон пионерите во ММА.

„Озлогласениот“ неодамна беше прикажан во емисија во живо водена од страна за коцкање на интернет Дуелбитсs, каде што одговори на голем број прашања, и за тоа кои борци ги смета за најголеми на сите времиња во ММА.

Ирската ѕвезда веднаш изусти четири имиња кои секој љубител на ММА треба да ги знае. Конор даде и петто име, иако му требаше време да го смисли. И ако мислите дека Конор ги смета Џон Џонс, Андерсон Силва и Жорж Сент Пјер за најголеми, се лажете.

Поранешниот двократен шампион кажа имиња на борци кои беа сосема неочекувани. Еве ги петте најдобри според Мек Грегор:

„Топ 5 од најдобрите во ММА? Риксон Грејси, Ројс Грејси, Кен Шамрок, Чак Лидел. Колку се овие? Три, четири? Четири? Бас Рутен, да. И тој е таму. Прв во Европа е Рутен. Каков човек е Бас Рутен. Сега е во сериозна форма. Бас, јас сум веднаш зад тебе брат. Те гледам Бас. Те гледам, Бас. Јас сум веднаш зад тебе“, рече Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО