УФЦ суперѕвездата Конор Мек Грегор ја имаше најдоходовната средба минатата година дебитирајќи во боксот против Флојд Мејведер Јуниор.
Мек Грегор ја загуби борбата, но заработи 100 милиони долари. Сега Озлогласениот (Notorious) пресметал дека ќе собере околу 50 милиони за големото враќање во октагонот против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 229, што ќе се одржи утре.
За време на последната прес-конференција за УФЦ 229, Конор беше запрашан на која возраст се очекува да стане милијардер.
„Сега сум триесет, па би рекол дека до 35“.