Конор Мек Грегор тврди дека е најголемиот ММА борец на планетата.
Ирската ѕвезда верува дека неговиот коефициент на интелигенција е на ниво на вонземјани. Тоа е дефинитивно голема изјава за борец кој не се борел од 2021 година и има добиено само 1 од последните 4 борби во кафезот.
„Озлогласениот“ постојано ги возбудуваше фановите за неговото враќање. Дaна Вајт му даде шанса против Мајкл Чендлер во јуни, но за жал Ирецот се повлече. Конор го скрши малиот прст на ногата и се откажа од галата на организацијата во Лас Вегас.
Мек Грегор тврдеше дека ќе се бори во декември, но и тоа пропадна. Тој сега верува дека враќањето ќе се случи во 2025 година. И додека сите чекаат вести за неговата иднина, Конор се фали на социјалните мрежи.
„Јас сум најголемиот борец на Божјата зелена земја. Мојот коефициент на интелигенција е на ниво на вонземјани“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.
I am the greatest fighter on God’s green earth. My IQ is level: Alien 👽
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 6, 2024