Најочекуваното враќање во светот на ММА е она на најголемата спортска ѕвезда Конор Мек Грегор. Популарниот Ирец би требало да се бори со Мајкл Чендлер по завршувањето на 31-та сезона на Ултимејт фајтер каде споменатото дуо настапуваше како тренери, но тоа се уште не се случило.
„Озлогласениот“ не се борел од јули 2021 година кога заработи скршеница на ногата при поразот од Дастин Пориер, што значи дека поминаа речиси две и пол години откако последен пат зачекори во октагонот на најсилната светска ММА промоција. Сепак, се чини дека на чекањето можеби му се ближи крајот.
Имено, неодамна на социјалните мрежи откри дека наскоро ќе се знаат деталите за неговото враќање, а се ќе знаеме следната година:
„Датумот на борбата и името на противникот ќе го објавам на Нова година“!
На првиот ден од 2024 година конечно ќе дознаеме кога Мек Грегор ќе се врати во кафезот и против кого. Дали тоа ќе биде Чендлер или некој друг, останува да видиме кога се ќе биде официјално објавено.