Конор Мек Грегор ја пропуштил шансата да глуми во хит серијата Викинзи

Конор Мек Грегор веќе го имаше своето актерско деби во римејкот на Друмска кафеана (Хаус роуд) со Џејк Гиленхал. Сепак, тоа можеше да се случи многу порано, и тоа во еден од најголемите ТВ хитови во изминатата деценија – „Викинзи“.

„Ноториус“ за JOE изјави дека имал договор со продукцијата да снима цела сезона, но самиот се покажал како причина за неуспехот на оваа идеја, бидејќи неколку пати го одложувал почетокот на работата, со што ги принудил креаторите да дадат се и да се потпише со друг актер.

„Викинзи“ траеше 6 сезони и вкупно 93 епизоди, а цената на снимањето на секоја од нив чинеше во просек по 4 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON