Конор Мек Грегор имал мал потрес на мозокот

 

Конор Мек Грегор ја загуби борбата против Флојд Мејведер во 10-тата рунда со технички нокаут, откако судијата Роберт Бирд ја прекина борбата. Бирд беше обвинет дека препорано ја прекинал битката, а Конор беше збунет по оваа одлука, затоа што беше на нозе иако прими силни удари.

Според главниот лекар крај рингот д-р Дараг О’Керол, сепак, прекинот бил точно на време.

„Проценката на Бирд да престане дуелот не се засноваше врз знаци на замор, туку врз знаци за повреда на мозокот. Вртоглавица и губењето на рамнотежата се меѓу симптомите за потрес на мозокот. Заморот може да провоцира бавни и неадекватни движења, но не и дисбаланс и недостаток на координација, кои се видоа кај Мек Грегор во 10-тата рунда. Тоа ти ги ослабува нозете и секогаш се смета како дериват на мозочна повреда во боксот, а не од замор. Да остави борец во таква состојба да продолжи е многу непрофесионално“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON