Конор Мек Грегор им се враќа на борбите на почетокот на годината, а противник би можел да биде Гејџи

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор би требало да се врати на борбите следната година. Големата ѕвезда на УФЦ се повреди минатиот јули на мечот против Дастин Пориер.

Ноториус потоа ја скрши ногата и беше јасно дека го чека подолга пауза.

Имаше сомнежи дали Мек Грегор некогаш ќе се врати во рингот, но се чини дека тоа ќе се случи на почетокот на 2023 година.

Враќањето на Конор би било во полусредна категорија, а за противник се споменува Џастин Гејџи.

Американскиот борец ја загуби последната борба со завршница против Чарлс Оливеира во мечот за титулата во лесна категорија.

Гејџи неодамна го нападна Мек Грегор кога се зборуваше за тоа како некои ѕвезди на УФЦ се на стероиди, а од фотографиите кои Конор ги објавува во последно време на социјалните мрежи може да се заклучи дека Ирецот добил неколку килограми мускулна маса.

„Сите добро се сеќаваат дека се борев против Каубојот, го победив и веднаш потоа тој се бореше против него“, рече Џастин Гејџи и додаде:

„Сега ми изгледа како да зема стероиди. УСАДА го нема тестирано одамна. Ако се бориме, барам фер конкуренција“.

Ова лето се шпекулираше за боксерски реванш меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON